Совети за здрава исхрана кога е студено
Супата ќе Ви го стопли организмот, ќе Ви обезбеди дополнителна течност и потребните електролити. Печива од интегрално брашно збогатено со семките од сусам, сончоглед и лан, одличен се извор на калциум, витамин Е и есенцијални масни киселини.

Главоболка, несоница, умор, депресија и намалена концентрација се знаци дека времето влиае на нас. Доколку сакате да го зајакнете имунитетот, збогатете ја исхраната со витамински намирници како што се чаеви, сокови, мед, супи …
Чаеви и цедени сокови го зајакнуваат организмот и ја потикнуваат елиминација на токсините, па со самото тоа помагаат и во превенција на грипот. Се препорачува и мед од мајчина душичка, липа, багрем.
Супата ќе Ви го стопли организмот, ќе Ви обезбеди дополнителна течност и потребните електролити. Печива од интегрално брашно збогатено со семките од сусам, сончоглед и лан, одличен се извор на калциум, витамин Е и есенцијални масни киселини.
Во исхраната воведете зеленчук кое е богато со витамин А, како што е морковот, спанаќ, брокула и задолжително јадете овошје и зеленчук кои содржат големи количества на витамин Ц – пиперки, портокал, лимон, киви.
Еден од најчестите лекарски совети е да се конзумира по 1 јаболко дневно. Овошјето е природен извор на енергија, и повеќе од корисна е ваквата препорака. Најважно е да се изнајдат нови начини за конзумирање на овошје и зеленчук секојдневно.
Зеленчукот содржи помалку мрснотии од производите од животинско потекло, има антибактериски својства кои го чуваат организмот од инфекции и бактерии, протеини што помагаат за одржување на помнење и концентрација и антикарциногените својства го намалуваат ризикот од хронични заболувања.
