Свет

Нема производи од западни компании во Русија, населението низ Европа се подготвува за вонредни ситуации

10.03.2022 19:24

Кај Русите поделени ставови за неможноста да купат производи од западните компании кои се повлекоа. Поради забраната на увоз на руска нафта, Романците побрзаа на бензинските пумпи. Во Шпанија граѓаните прават резерви на храна...

Во руските градови  нема повеќе западни производи. Хајнекен стана последната марка што ги прекина операциите во Русија откако Мекдоналдс, Кока Кола, Старбакс објавија дека ја прекинуваат работата. Дел од Русите жалат што нема повеќе да имаат производи на кои се навикнале, а дел се радуваат на новата ситуација.

„Многу е тажно. Не се затвора само Мекдоналдс. Сите западни бизниси се затвораат. Сите што можат си заминуваат. Тоа е симбол на новото време, ќе останеме изолирани“.

Ерата на постсоветска колонизација од страна на Западот започна со пристигнувањето на Мекдоналдс во Русија, а ерата на суверена Голема Русија започнува со напуштањето на Мекдоналдс. Затоа имајте убаво патување“, велат жители на Москва.

По забраната на руска нафта на социјалните мрежи се шират вести за поскапување на горивото во речиси сите европски земји. Романциите во долги редици чекаа пред бензинските пумпи плашејќи се дека цената на бензинот ќе надмине 10 леи за литар. За да заштедат пред полноќ на бензинските пумпи ги полнеа резервоарите на возилата.

Вината ја носат гувернерите, а не обичните луѓе. Ние, обичните луѓе, работиме за да преживееме.

Исто изгледа како она што се случи во Англија. Се плашам кога ќе стигнам до пумпата, ќе ја затворат. Јас сум исплашен“, велат жители на Романија.

Воениот конфликт во Украина предизвика масовно складирање на прехранбени производи во Шпанија. Шпанските супермаркети мораа да ја ограничат продажбата на сончогледово масло за да спречат складирања.

Се согласувам. Тоа да има масло за секого. Не е во ред некој да дојде и да земе 2 или 3 кутии со масло. Треба да се сподели со сите.

Ја ограничивме продажбата на сончогледово масло на 5 литри.

Тоа е толку сериозен проблем што предвидуваме дека ќе останеме без сончогледово масло за три недели.

Новата ситуација околу Украина предизвика населението во Европа да се подготвува за вонредни ситуации со недостиг на храна и гориво.

 

Ирина Гелевска