Прилеп

Земјоделските производители бараат мерки и помош од државата

11.03.2022 10:06

Производителите на храна и на земјоделски култури од повеќе здруженија и региони по средбата во Прилеп, бараат владини мерки и средба во министерството за земјоделство за да излезат од проблемите, зголемени со актуелната состојба. Велат дека земјоделското производство е во тешка ситуација.

За сите земјоделци нафта без акцизи и ДДВ, промена на методологијата за зелената нафта, ослободување од надоместоците за концесија на земјоделското земјиште, за патарината, наводнувањето и одводнувањето, зголемени субвенции и пазари за домашните производи, бараат земјоделците од сите сектори. Велат, проблемите се зголемија со актуелната состојба.

Производителите ги детектираат проблемите и бараат итни мерки и средба со Министерството за земјоделство.

Барањата ќе ги достават до Владата и ресорното Министерство. Најавуваат и протести.

Елизабета Митреска