Македонија

Железничкиот сообраќај од утрово во прекин

11.03.2022 10:29

Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера...

Железничкиот сообраќај во земјава од седум часот утрово е во прекин. Причина за бојкотот на работата е неисплатениот надомест за материјални трошоци што машинскиот и извршниот персонал на „Железници транспорт“ требал да го добие заклучно со вчера.

Утрово, пред седум часот, сообраќале само две линии, за Битола и за Гевгелија, по што сообраќајот е во целосен прекин.