Хрватска

Беспилотно летало се урна во Загреб

11.03.2022 11:28

Се движело со брзина од 700 км/ч и на височина од 1.300 метри...

Воено беспилотно летало се урна во Загреб синоќа пред полноќ. Во хрватскиот воздушен простор влегло од исток кон запад, односно од унгарскиот воздушен простор.

Се движело со брзина од 700 км/ч и на височина од 1.300 метри. Во тек е истрага за инцидентот во кој нема жртви. Оштетени се неколку паркирани возила.