Македонија

Од денеска забранет извозот на пченица, јачмен, пченка и брашно, државните резерви се стабилни

11.03.2022 12:08

Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена...

Од денеска е забранет извозот на пченица, јачмен, пченка, пченично брашно, семе од сончоглед и сончогледови масла, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши.

Одлуката за забрана ја донесе Владата и ќе трае во наредните десет дена, а нејзината цел, како што напомена Бектеши, е да се избегнат шпекулативни дејства на трговците и производителите, заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните.  Одлуката се носи превентивно за да не настанат поголеми нарушувања на пазарот. Целта на мерката е заштита на домашниот пазар и на граѓаните.

„Им гарантирам на граѓаните дека државните резерви се стабилни и дека има доволно резерви пченица и пченка за покривање на домашните потреби. Секако, ако се појави потреба, државата е подготвена за дополнување на резервите, но засега за тоа нема потреба. Граѓаните да не потклекнуваат на шпекулации и да не се грижат“, изјави Бектеши.