Македонија

Пресуда за „Јавна соба“

11.03.2022 12:18

Основачот и администраторот на групата „Јавна соба“, се наоѓаа во, денеска во Кривичниот суд во Скопје беа осудени на по четири години затвор за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе две пресуди за случајот „Јавна соба“, со тоа што креаторите на групата, односно основачот Дарко Костовски и администраторот на Телеграм-групата Михаил Паневски, во која незаконски се споделуваа фотографии и лични податоци од девојки и жени во земјава, добија затворски казни од по четири години.

Тие се гонеа кривично бидејќи дозволиле и да биде достапно видео на кое се прикажани полови дејствија со дете. Двајцата одговараа за кривично дело производство и дистрибуција на детска порнографија.