Такси компаниите со зголемени трошоци
Такси компаниите на удар на поскапувањата на дериватите. Со зголемени цени велат драстично се намалува прометот. Спасот го гледаат во намалување на акцизата на горивата, но и контрола и санкции на дивите превозници.

Енормното зголемување на дериватите, стави клуч на 25 такси компании. Голем дел од превозниците по серијата поскапувања веќе ги зголемија услугите, но прометот веднаш драстично им се намали.
Без интервенција од државата особено во акцизата на нафтата, како и воведување на ред и поголема контрола и санкции на дивите такси превозници, опстанокот на легалните се доведува во прашање.
Тетово е еден од градовите со најголем број на нелиценцирани такси превозници. Од 2006 година од општината не е прифатено ниту едно наше барање. Во споредба со другите градови сè уште возиме со најевтини цени, а се соочуваме со нелегална конкуренција, кои ниту даноци плаќаат, ниту пак има фирми и вработени пријавено, дополнува Томовски
Градоначалникот на Општина Тетово, вети исполнување на барањата на такси компаниите за покачување на цената на превозот. Ги повика нелегалните превозници во текот на месецов да извадат лиценца, во спротивно ќе следуваат казни.
Од Асоцијацијата на такси превозници имаат поднесено барање за промена на законот. Контролата на лиценците освен сообраќајните општински инспектори кои недостасуваат, да ја врши и Министерството за внатрешни работи.
Зоран Димовски
