Фаворитите ги добиваат противниците ... за загревање или сензација
Привилегијата на друштвото топ 10 тенисери на мастерс 1000-ката во Индијан Велс со место веднаш во второто коло, полека ги добиваат своите противници односно, сега за сега оние од првиот дел на турнирскиот костур.
Најдобриот планетарен тенисер, русинот Данил Медведев по 5-тиот наслов на турнирите од мастерс 1000 серијата го започнува преку чехот Томаш Махач 151 на АТП поредокот, во прв нивен меѓусебен дуел. Несреќа или можеби супер мотивација за американецот Себастијан Корда е што од спротива на мрежата ќе го има 4-тиот во Индијан Велс и четирикратниот освојувач на овој мастерс, Рафаел Надал.
Вредно е да се спомене дека, доколку Надал го освои трофејот во Калифорнија, ќе се изедначи во тенискиот архвски бележник со Ѓоковиќ по рекордно освојување на мастерс 1000, или 37. Циципас како турнирски број пет, за место во третото коло ќе треба да биде подобриот во дуелот со 147-миот на светската скала американецот Џек Сок.
Од оние кои ги добија своите противници за земање залет на турнирот, е и 10-тиот во Индијан Велс 20 годишниот италијанец Јаник Синер кој фаворитската улога ќе ја правда преку 5 години повозрасниот и 42 места зад себе на АТП поредкот србинот Ласло Џере.
Патот до одбрана на титулата ќе го започне и британецот Камерун Нори кој за противник ќе го има шпанецот Педро Мартинез, кој пак до меч со Нори ја мина пречката во името на португалецот Соуса во првото коло низ победнички два сета.
