Мерцедес подготвен да полета
На вториот претсезонски тест германскиот тим настапи со значително изменет дизајн на болидот при што особено забележителни се страничните крила со кои значително е намалена каросеријата што би требало да овозможи многу подобро ладење на моторот,но и подобри аеродинамички перфоманси...

На 10-тина дена до стартот на новата сезона во формула 1 многу полемики отвори новиот изглед на болидот на Мерцедес. На вториот претсезонски тест германскиот тим настапи со значително изменет дизајн на болидот при што особено забележителни се страничните крила со кои значително е намалена каросеријата што би требало да овозможи многу подобро ладење на моторот,но и подобри аеродинамички перфоманси.
Првите реакции на легалноста на новиот дизајн пристигнаа од Ред Бул чиј шеф Кристијан Хорнер се соменева во легалноста и според него Мерцедес отишол предалеку во толкувањето на правилата,а со сличен став излезе и директорот на Ф1 Рос Браун со изјавата дека новиот дизајн претставува „екстремноп толкување на прописите“.
За луѓето од Мерцедес нема ништо спорно.Директорот на тимот Тото Волф вели дека при изработката на новиот дизајн цело време соработувале со ФИА и дека не е загрижен за евентуални жалби од другите тимови.
