Се забранува извозот на пченица, пченка, јачмен, брашно, масла од сончоглед
Во стоковите резерви има доволни количини основни производи и нафтени деривати, но нема потреба да се отвораат, компаниите поседуваат резерви за три месеци-уверува Владата...

До 20 март се забранува извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно, масла од сончоглед. Целта е да се заштити домашниот пазар и стандардот на граѓаните. Во стоковите резерви има доволни количини основни производи и нафтени деривати, но нема потреба да се отвораат, компаниите поседуваат резерви за три месеци-уверува Владата. Нарушувања на пазарот нема. Со мерката ќе се спречат одредени трговци и производители да ја користат состојбата за да профитираат вели министерот Бектеши. Само 10 дена од земјава извезле 470 тони основни прехранбени производи.
Иако првично негираше дека за нас нема да важи, Србија го забрани извозот на пченица и за нашиот пазар. Од Владата смируваат има доволно количества во приватните млинови за домашните потреби. Цените се следат, има динамичен план со коморите.
Инспекторите на терен, дали се почитуваат мерките. Од владата велат трговците нема да изгубат со ограничување на маржите, со оглед дека се признаваат оперативните трошоци во формирање на цените а станува збор за само три производи, лебот, брашното, и маслото. По континуираниот скок на цените на нафтата министерот Бектеши очекува од понеделник да се намалат цените со оглед на поевтинувањето на цените на берзите.
Сузана Ф. Стоевска
