Странски експерти им помагаат на компаниите полесно да стигнат до потрошувачот
Како македонските производи полесно да стигнат до странските пазари? Експерти од неколку европски земји работат на терен во неколку компании и ги обучуваат менаџерите за примена на најбитните стандарди за поголема конкурентност...

Холански, германски и швајцарски експерти веќе една недала работат во петнаесетина македонски компании. Целта е преку пренесување на нивното искуство, домашмото производство да биде поконкурентно . Рене Кумли,експерт по маркентинг за винички Макпрогрес вели дека е компанија чии производи лесно може да го најдат потрошувачот.
„Сите знаеме дека денеска за да бидете успешен на пазарот мора да произведувате високо квалитетни производи, кои мора да бидат брендирани,затоа што треба да ги убедиме потрошувачите да ги купуваат токму производите од оваа комапнија“,рече Рене Кумли, маркетинг експерт.
„Се надеваме дека со овој проект ќе успееме да го прошириме нашето работење од постојните 46 држави во 60 држави во наредниот период“, рече Глигор Цветанов, сопственик на Макпрогрес.
За овој владин проект интерес покажале околу стотина компании. Се реализира заедно со Стопанската комора.
„Очекуваме и веруваме дека ќе донесе многу бенефити з амакедонските компании во однос на унапредување на нивните деловни тенденции врез основа на нивните извозни активности“,рече Билјана Пееве Ѓуриќ, Стопанска комора на Македонија.
Кон крајот на овој месец компаниите кои први користеа странски совети ги очекуваат првите видливи резултати. Досега најголем интерес за искористување на странски искуства во бизнисот пројавиле менаџери кои раководат прехранбени индустрии.
Дијана Иванова
