Ковид-19
Се укинуваат ограничувањата за влез во Црна Гора и Ирска
11.03.2022 15:12
Поради подобрената епидемиолошка состојба со Коронавирусот, властите на Црна Гора ја укина обврската за поседување на Ковид потврда за влез во Црна Гора...

Поради подобрената епидемиолошка состојба со Коронавирусот, властите на Црна Гора ја укина обврската за поседување на Ковид потврда за влез во Црна Гора. Новата одлука стапи во сила од денешниот ден (11.03.2022), информираат од МНР.
Исто така, од патниците во Ирска веќе не се бара да покажат доказ за вакцинација, доказ за закрепнување или негативен резултат од PCR тестот по пристигнувањето. Нема барања за тестирање или карантин по пристигнувањето во Ирска. Дополнително, од патниците во Ирска веќе не се бара ни да пополнат формулар за лоцирање (PLF).
