302 нови случаи со Ковид-19, починати шест лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.182 тестови, а регистрирани се 302 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 158, Прилеп – 22, Велес – 20, Битола – 17, Куманово и Кавадарци – по 11, Охрид – 10, Струмица – 9, Ресен – 8, Кочани и Кичево – по 5, Штип и Неготино – по 4, Гостивар и Радовиш – по 3, Тетово, Гевгелија, Виница и Кратово – по 2, Струга, Крива Паланка, Дебар и Крушево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (302), регистрирани се 35 реинфекции. Регистрирани сe 315 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица од: две починати лица од Скопје (79г и 81г) и по едно починато лице од Струмица (72г), Струга (80г) и Битола (90г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Охрид (88г) починатиот е пријавен на 07.03.2022 . Пријавеното лице е починато во домашни услови. Сите починати лица (6), се со регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.016, бројот на оздравени пациенти е 289.847, на починати е 9.123 а бројот на активни случаи изнесува 2.046.
Досега во земјата се направени вкупно 1.917.551 тестирања на Ковид-19.
