Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Со македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски, разговараме за сребрениот медал со кој се врати од меѓународен натпревар во Софија, но и за следните Олимписките игри во Париз како професионален предизвик.

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ е македонски кандидат за наградата за литература на Европската унија. За номинацијата, очекувањата од истата и позицијата на македонскиот роман на книжевната сцена, разговараме со авторот Владимир Јанковски.
Здружение за планинарење и заштита на планини „Козјак 2013“ секоја година по повод 8-ми март организира празнична планинарска акција. В недела сите рекреативци и љубители на природата ќе можат да уживаат во прошетката низ атрактивната бислимска клисура. Што ќе понуди оваа тура ни открива Зоран Ристовски.
Со македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски, разговараме за сребрениот медал со кој се врати од меѓународен натпревар во Софија, но и за следните Олимписките игри во Париз како професионален предизвик.
Најновите сервисни информации, информации од културата ги имаме во викенд изданието на „Македонија наутро“ од осум часот.
