Македонија

Спасовски: Безбедносната состојба е стабилна

11.03.2022 16:25

Стабилна и мирна е безбедносна ситуација во земјава без индикации за нарушување – оценка на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Посочи дека се во постојани комуникации со безбедносните служби во државата…

Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, информира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Додава и дека будно се следи состојбата како во регионот така и во Украина и дека македонските служби се во постојана комуникација со партнерските служби.

Спасовски, кој имаше работна средба во Полициската станица Карпош и направи увид на обновените делови од објектот, истакна дека од 2017-та година досега, реконструирани или санирани се над 70 полициски станици.

Ова, вели Спасовски, е во рамките на напорите за модернизација, како на објектите, така и на опремата на полицијата. Во тој контекст, за полициски униформи пак, од 2017-та досега се потроешени околу 10 милиони евра, информира Спасовски.

Марија Котовска