Момче загина во сообраќајка кај Кичево

20.11.2013 11:11

Една жртва е билансот на сообраќајната несреќа

Една жртва е билансот на сообраќајната несреќа што се случи рано утрово на патот Гостивар - Кичево.
Деветнаесет годишниот Агрон С. од кичевското село Поповјани утринава околу 3 часот го загуби животот во сообраќајна несреќа.
 
Тешката сообраќајна незгода се случила во момент кога 24-годишниот Ј.Д.. управувајќи автомобил „Застава“ се движел по магистралниот пат Кичево-Скопје и изгубил контрола над возилото кое излетало надвор од коловозот и удрило во бетонска ограда од мост на десната страна од коловозната лента. Од силината на ударот, патничкото моторно возило се превртело на кровот и застанало на коловоз.  
 
Агрон кој бил сопатник во автомобилот на лице место им подлегнал на здобиените повреди.
 
По извршено алкотестирање кај Ј.Д. кој го управувал возилото „Застава“, утврдени се 1,01 промили алкохол во крвта.
 
Полицијата извршила увид и се работи на утврдување на причините за несреќата.