Економија

Денес нема промена на цената на горивата

11.03.2022 16:30

Од комисијата велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза ќе стапат во сила, РКЕ веднаш ќе одржи главна седница...

Цената на нафтените деривати денеска нема да се менува бидејќи не се исполнети условите за тоа, потрдуваат од Регулаторната комисија.

Од комисијата велат дека во моментот кога измените на Законот за акциза ќе стапат во сила, РКЕ веднаш ќе одржи главна седница на која ќе биде донесена одлука за највисоки малопродажни цени на нафтените деривати во која соодветно ќе биде инкорпорирана новата акциза, односно ќе биде донесена нова одлука.

РКЕ ќе ја вкалкулира и намалената даночна стапка во нова одлука штом Собранието ќе ги изгласа измените во Законот за ДДВ и откако потоа Владата ќе донесе одлука. По завршување на овие две процедури РКЕ ќе донесе одлука и со вкалкулирано намалено ДДВ.