Македонија

Мапирање на парафискалните давачки во 18 општини

11.03.2022 16:43

Градоначалниците на една маса дискутираа за подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки. Целта е да се подигне финансиската транспарентност на единиците на локалната самоуправа. За прв пат во 18 општини се прави мапирање на парафискалните давачки …

За прв пат, во 18 општини се прави мапирање на парафискалните давачки. Градоначалниците на една маса дискутираа за подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки. Целта на проектот е да се подигне финансиската транспарентност на единиците на локалната самоуправа.

Граѓаните и фирмите се повеќе наклонети да ги плаќаат даноците доколку знаат за што тие пари ќе бидат искористени, покажува спроведениот проект од европската делегација во врска со даночниот морал.

Од делегацијата на ЕУ во земјава најавија дека на крајот од овој месец на централно ниво ќе започне нов проект. Ќе бидат опфатени околу 100 парафискални давачки на централно ниво што ги наметнуваат министерствата.

Ана Ј. Тодоровска