Македонија

МТСП: 35.000 граѓани од ранливите категории ќе добијат ваучери од 1.000 денари

11.03.2022 17:20

Министерство за труд и социјална политика во време на светска економска криза, силно е посветено на грижата за сите граѓани, особено на ранливите категории...

35.000 граѓани од  најранливите категории ќе добијат субвенции, односно ваучери во вредност од 1.000 денари, за три месеци, за купување на основните производи за исхрана, информираат од Министерството за труд и социјала. Со новиот пакет 26 мерки, за поддршка на граѓаните и компаниите Владата од буџетот одвои 400 милиони евра.

Во рамките на социјалниот дијалог обезбедена е директна  финансиска помош за околу 330 илјади пензионери со што највозрасните граѓани ќе добијат дополнителни 3.000 денари за три месеци, или по 1.000 денари плус со мартовската, априлската и пензијата во мај.

Со прифаќање на предлогот на Сојузот на здруженија на пензионери се воведува нова методологија за континуиран раст на пензиите. Со новата методологија со која усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот со 50%, и 50% растот на просечната плата,  ќе започне да се применува без дополнителни одлагања, со септемвриската пензија годинава. Измените и дополнувањето на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка Владата ги достави до Собранието.

Согласно проекциите на крајот на 2022 година се очекува зголемување на просечната месечна пензија на околу 17.300 денари, споредено со крајот на 2021 година, кога во просек пензијата беше 15.876 денари.