Шаќири на интеруниверзитетска конференција со претставници на ректорските управи и студенти
Министерот ги претстави активностите на МОН кои треба да се реализираат во следниот период, а се фокусираше на поддршката за високообразовните установи од кадровски аспект, односно обезбедување на согласности за ангажирање на наставен и научен подмладок заради непречено организирање на работата.

На седница на Интеруниверзитетската конференција заедно со претставници на ректорските управи на јавните и приватните универзитети во државата, како и со претставници на студентските тела, министерот за образование и наука Јетон Шаќири разговараше за актуелните состојби во високото образование и за предизвиците чие надминување ќе поттикне поголема заложба и подигнување на квалитетот на дејноста.
Министерот ги претстави активностите на МОН кои треба да се реализираат во следниот период, а се фокусираше на поддршката за високообразовните установи од кадровски аспект, односно обезбедување на согласности за ангажирање на наставен и научен подмладок заради непречено организирање на работата.
„На седница на Влада веќе разговаравме за овој предизвик и ќе излеземе во пресрет онаму каде што навистина е потребно што поскоро да се помогне и ќе обезбедиме финансиски средства за да може да се вработи нов кадар кој недостасува и поради тоа има застој на одредени работни активности“, рече министерот Шаќири.
Тој се осврна и на спроведувањето на национално рангирање на високообразовните установи во 2022 година, што беше и една од точките на дневниот ред на Интеруниверзитетската конференција, потенцирајќи дека во тек е евалуација на понудите за избор на економски оператор кој ќе го спроведе процесот.
