МВР покрена дисциплинска постапка против полициски службеник
Министерството за внатрешни работи продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на инцидентите во салата „Борис Трајковски“ кои се случија за време на натпреварот меѓу кошаркарските клубови МЗТ и Работнички од Скопје...

По прегледувањето на снимките, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР одлучи да покрене дисциплинска постапка против еден полициски службеник, соопштуваат денеска од министерството.
Министерството за внатрешни работи продолжува да работи на целосно расчистување и документирање на инцидентите во салата „Борис Трајковски“ кои се случија за време на натпреварот меѓу кошаркарските клубови МЗТ и Работнички од Скопје.
Министерството апелира до сите граѓани или функционери во некои општини кои имаат какви било информации со кои побргу би се идентификувале лицата учесници во инцидентите, да се обратат во најблиската полициска станица за да не дозволиме ваквите насилници да го расипуваат доживувањето на сите искрени љубители на спортот.
