Имени на законите за акциза и ДДВ
Нула проценти ДДВ за основните прехранбени продукти, акцизата за нафтените деривати од 18 ќе падне на 10 проценти. Собранието ги изгласа законските измени. Со антикризните мерки, 400 милиони евра враќаме кај граѓаните и кај фирмите, посочија од СДСМ. Владините мерки не се добро осмислени, посочија од ВМРО-ДПМНЕ. Мерките стапуваат на сила од понеделник...

Сите за антикризните мерки, но опозицијата сепак со замерки дека се недоволни. Потребно е да се помогне на стандардот на граѓаните, вели владата како предлагач на намалаеното ДДВ и акцизи за енергенсите.
Треба да покажеме единство, повикаа пратениците од власта. Сметаат дека не е време за конфронтации кога станува збор за закони кои го олеснуваат секојдневието на граѓаните. Опозицијата незадоволна од намалувањето на ДДВ-то и акцизата. Сепак, со поддршка на владините мерки. Сметаат дека власта глуми загриженост бидејќи тие имаат поднесено измени на законите за ДДВ и акцизи пред 12 дена.
Со владините антикризни мерки се предвидува намалување од пет на нула проценти намалување на основните прехрамбени продукти, додека од 18 на 10 се намалува и ДДВ-то за енергенсите, а намалување на акцизата ќе зависи од цената на енергенсите на берзите.
Миле Ристески
