Македонија

Владата донесе одлуки за примена на намалената акциза и ДДВ-то за енергенсите и за основните производи за исхрана

12.03.2022 09:31

Се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење, во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенси на светските берзи, велат од прес- службата.

По прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, Владата на седница донесе одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и на начинот на пресметка на акцизата.

Се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење, во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенси на светските берзи, велат од прес- службата.

Ќе се примени и повластена даночна стапка од 10 проценти, врз прометот и увозот на енергенси, за определен временски период во определени услови.

Продолжува и примената на повластена даночна стапка од 5 проценти на струјата за домаќинствата до 31-ви декември годинaва.

Одлуките стапуваат на сила со денот на објавувањето во службен весник.

Денеска се очекува да заседава и Регулаторната комисија за енергетика, која по намалувањето на акцизата треба да ги намали и цените на бензинот и на дизелот.