РКЕ
Нови пониски цени на горивата од полноќ
12.03.2022 10:18
Пресметките велат дека цената на бензинот ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Регулаторната комисија за енергетика, согасно донесените законски измени на акцизата треба да ги намали и цените на нафтените деривати. Новите цени на горивата се очекува да важат од утре.
Пресметките велат дека цената на бензинот ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.
Ова значи дека од вечерва на полноќ цената на Еуросупер 95 ќе изнесува 86,5 денари, на Еуросупер 98 - 88,5 денари, а цената на дизелот 88 денари.
