Ковид-19

Нови 277 случаи со Ковид-19, починати 14 лица

12.03.2022 14:25

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а бројот на активни случаи изнесува 2.178.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.635 тестови, а регистрирани се 277 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 141, Прилеп – 23, Битола – 20, Куманово – 17, Кавадарци – 14, Велес и Охрид – по 9, Кичево и Струмица – по 7, Гостивар, Крива Паланка и Струга – по 4, Гевгелија – 3, Богданци, Кочани, Неготино, Ресен и Тетово – по 2, Валандово, Дебар, Кратово, Крушево и Штип.

Од вкупниот број на позитивни (277), регистрирани се 44 реинфекции.  Регистрирани сe 132 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 8 починати лица: 5 починати лица од Скопје (60г, 79г, 80г, 84г и 86г) и по едно починато лице од Кичево (69г), Неготино (68г), и Струмица (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 6 починати лица од: Тетово (2), Велес (1), Скопје (1), Куманово (1), Гостивар (1). Починатите лица се на возраст од 41г до 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 28.02.2022 до 03.03.2022 година. Од пријавените лица, 3 се починати во болнички услови и 3 лица во домашни услови. Од вкупно регистрираните починати лица (14), кај 12 лица се регистрирани коморбидитети, а 2 лица се пријавени без коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.293, бројот на оздравени пациенти е 289.978, на починати е 9.137, а бројот на активни случаи изнесува 2.178.

Досега во земјата се направени вкупно 1.920.186 тестирања на КОВИД-19.