Средба Османи- Петков
Во однос на пакетот политички прашања, двајцата посочиле дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод што ќе продолжи да се користи за продлабочување на односите и за подигање на нивото на политички дијалог.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на дипломатскиот форум во Анталија се сретна со бугарскиот премиер, Кирил Петков. Разговарале за украинската криза, но и за односите меѓу Скопје и Софија.
Оцениле дека билатералната соработка е динамизирана преку работните групи. Во однос на пакетот политички прашања, двајцата посочиле дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод што ќе продолжи да се користи за продлабочување на односите и за подигање на нивото на политички дијалог.
Османи и Петков се надеваат дека процесот ќе резултира со заеднички прифатливи решенија за отворените прашања.
