Здравје

Секое трето дете во Македонија е гојазно

12.03.2022 12:33

Секое трето дете во Македонија е гојазно, покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје. Расте трендот на зголемена телесна тежина на деца од предшколска и од школска возраст. Таканаречениот седечки стил на живот, главна причина за ваквата поразителна слика...

Подготвена е манџата од зелка, супа со природни состојки, интегрален леб. Сè што се дава на децата од градинка треба да е здраво и согласно препораките на Министерството за труд и социјална политика. Се внимава на количеството на храна според возраста, а овошјето и зеленчукот се задолжителни, вели главниот готвач на детската градинка „Младост“ во Тетово.

Но, според анализите на Институтот за јавно здравје кои покажуваат дека 34 % од децата се со зголемена телесна тежина, очигледно на правилната и умерена исхрана се внимава само во градинките. На епидемијата на дебелина која е болест со голем ризик фактор за здравјето, треба да се пристапи сериозно, и дома и на училиште. Умерена исхрана, намалување на сол и шеќери, а како најважно поголема контрола на децата кои веќе оформија седечкиот стил на живот, пред компјутери, таблети и телефони.

Дебелината кај децата зема земав повеќе децении. Во споредба со пред триесетина година имаме двојно зголемување на гојазни деца.

 

Зоран Димовски