Кошарка

Рекордна вечер за Поповиќ и за Вестбрук

12.03.2022 18:25

Во вечерта на рекорди во НБА лигата, Расел Вестбрук се искачи на 11 место на вечната листа на асистенти. Плејмејкерот на Лејкерс во победата над Вашингтон од 122:109 запиша девет асистенции, доволни за промена во битката со Андре Милер.

Грег Поповиќ се запиша во историјата на НБА лигата, како тренер со најмногу остварени победи во ова натпреварување. Неговиот Сан Антонио ја совлада Јута со 104:102 и со ова Поповиќ дојде до 1336 победа во регуларниот дел во сезоната во нба лигата. Сега втор на листата со еден триумф помалку е Дон Нелсон а трет Лени Вилкенс со четири победи помалку од новиот лидер во оваа категорија.

Во вечерта на рекорди во НБА лигата, Расел Вестбрук се искачи на 11 место на вечната листа на асистенти. Плејмејкерот на Лејкерс во победата над Вашингтон од 122:109 запиша девет асистенции, доволни за промена во битката со Андре Милер.

Вестбрук сега има 8529 асистенции, следен на листата за поминување е Гери Пејтон коЈ во моментов има 437 асистенции повеќе од Вестбрук.