Фудбал

Редовно годишно собрание на ФФМ, од следната сезона една Втора фудбалска лига

12.03.2022 18:30

Првата фудбалска лига и во следната сезона ќе брои 12 клубови, нема да има враќање на десет, но во втората лига наместо Исток и Запад, ќе се игра во една конкуренција во која ќе учествуваат 16 тимови.

Првата фудбалска лига и во следната сезона ќе ја сочинуваат 12 клубови, но промена ќе има во второлигашката конкуренција. Ова беше потврдено денеска на редовното годишно собрание на ФФМ, на кое гласаа 55 делегати од вкупно 58.

Во присуство на претставници на ФИФА и на УФА, беше разгледан и финасискиот извештај според кој „Куќата на фудбалот“ во 2021 година остварила приход од 19 милиони евра, од кои околу 3 милиони евра биле инвестирани во фудбалска инфраструктура во земјава а годината е ФФМ ја завршила со 4,3 милиони евра позитивно салдо. Воедно беше усвоен и извештајот на независен ревизор, како и биџерот на федерацијата за оваа календарска година.

Првата фудбалска лига и во следната сезона ќе брои 12 клубови, нема да има враќање на десет, но во втората лига наместо Исток и Запад, ќе се игра во една конкуренција во која ќе учествуваат 16 тимови. 

Баражите за опстанок во второлигашкото друштво се укинати, двата клуба кои сезонава ќе ја завршат на 11 и на 12 место во ПМФЛ ќе играат во Втората лига, два тимови кои ќе испаднат во баражот за пласман во елитата исто така ќе бидат дел од Втората лига. 

На редовното собрание на ФФМ, беа утврдени и двете програми за развој на машкиот и на женскиот фудбал, кои неодамна беа промовирани од челниците на „Куќата на Фудбалот“.