Ковачевски – Брнз: Членството во НАТО и стратешкото партнерство со САД се од исклучително значење
Ковачевски и амбасадорката Брнз, како што соопшти владината прес-служба, разговарале за ситуацијата во Украина при што било истакната дека воената агресија на Руската Федерација на една суверена земја е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот.
Време на кризна состојба во светот вредноста и придобивките од членството на Република Северна Македонија во НАТО, и од стратешкото партнерство со САД се од исклучително значење. Ова го заклучиле премиерот Ковачевски и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз на средбата во Владата.
Ковачевски и амбасадорката Брнз, како што соопшти владината прес-служба, разговарале за ситуацијата во Украина при што било истакната дека воената агресија на Руската Федерација на една суверена земја е сериозна закана за мирот и безбедноста во Европа и во светот.
Премиерот Ковачевски во разговорот со амбасадорката Брнз ги презентирал мерките на Владата за справување со последиците од економската и енергетската криза. Истакнал дека станува збор за сеопфатни мерки таргетирани да ја заштитат социјалната сигурност и стандардот на граѓаните, како и да обезбедат стабилни услови за работа на компаниите.
Сегашната безбедносна криза во Европа укажува на потребата од континуиран фокус на регионот и на Северна Македонија, вклучувајќи ја и Европската интеграција на земјата-нагласила амбасадорката Брнз.
