Што ќе гледате утре во „Македонија наутро“?
Во Македонија, само 2% од целата територија е под водна површина. Над 90% од реките во Македонија се наоѓаат во прва и втора категорија, водите и водните ресурси се под сè поголем притисок од климатските промени, но и од искористувањето за наводнување, енергетиката и индустријата. Го одбележуваме Меѓународниот ден на водите.

Воениот конфликт во Украина донесе сериозна хуманитарна и мигрантска криза. Бројот на луѓе кои избегаа од земјата надмина два милиони. Романија е една од земјите каде што Украинците бараат засолниште. Македонската амбасада во Романија пак е вклучена во евакуација на македонските државјани од земјата. Колку од нив побарале безбеден излез, како кризата се одрази на економијата, но и како медиумите известуваат на оваа тема се прашања кои му ги поставуваме на македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов.
Нема дефиниција за тоа како да се биде добар родител. Родителството знае да биде многу тешко бидејќи само по себе носи и предизвици, стравови и многу непријатни ситуации, но сепак останува најубавата улога во животот. Дека низ сите предизвици не мора да одиме сами и дека помош и поддршка и за нас родителите има, доказ е националната линија за позитивно родителство за која зборуваме во разговор со Фросина Ивановска и Ирена Жунгулова.
Во Македонија, само 2% од целата територија е под водна површина. Над 90% од реките во Македонија се наоѓаат во прва и втора категорија, водите и водните ресурси се под сè поголем притисок од климатските промени, но и од искористувањето за наводнување, енергетиката и индустријата. Го одбележуваме Меѓународниот ден на водите.
Во редовната рубрика „Здрав живот“ со нутриционистката Билјана Ристевска зборуваме на тема „Исхрана без месо“. Тренд или вистински здравствен бенефит ќе дознаете во „Македонија наутро“ во понеделник во 6:45 часот.
