Македонија

Борел утре во Скопје на средби со државниот врв

13.03.2022 10:18

Посетата треба да ги потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, исто така во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина.

Потпретседателот на Европската комисија, Жозеф Борел, од понеделник на турнеја по земјите од Западен Балкан.

Посетата треба да ги потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, исто така во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина.

Утре Борел ќе допатува во Скопје на средби со државниот врв и со лидерите на опозициските партии.

Високиот претставник на ЕУ потоа ќе отпатува за Тирана, а оттаму во Сараево.