Воен конфликт

Стојановски: Русија не покажува дека е подготвена на компромис

13.03.2022 11:24

Руско – украинската криза беше тема на научен интерес на професори од Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ пред седум години. Еден од коавторите на научниот труд, професор доктор Страшко Стојановски смета дека одлуката на Украина да ја гради државата на темелите на западната демократија е основната причина за руската агресија...

Пред седум години професор Страшко Стојановски беше коавтор на научно истражување насловено „Украинската криза и безбедносните предизвици“. Бројни индикации имаше дека ќе дојде до воен конфликт во Украина, вели Стојановски, но до последен момент сите се надеваа дека ќе се најде компромис, иако во минатото скоро секогаш масовната мобилизација на армиски сили резултирала со конфликти.

Русија изврши агресија врз суверена држава, спротивно на сите меѓународни правни постулати и во мировните преговори не покажува дека е подготвена за компромис, вели Стојановски.

Авторитарен режим каков што е рускиот не може да опстои во опкружување на демократски режими, посебно кога со нив има тесни врски. Украина развиваше функционална демократија и според професор Стојановски, тоа е основната причина за руската агресија.

 

Славица Величковска