Крушево

Полски експерти ќе работат на обнова на витражот во Македониумот

13.03.2022 11:37

Полски експерти со светско искуство се вклучени во проектот за да се обнови витражот во Македониумот во Крушево. Најзначајното споменично обележе во државава за Илинденското востание со години бавно се обновува, а обновата на витражот е посебен предизвик и бара висока стручност. Годинава, Прилепскиот музеј со два милиона денари го санира бетонскиот дел за да не прокиснува и да ја истисне влагата. Потоа е обновата на монументалниот витраж...

Полски експерти со светско искуство, може да го решат долгорочниот проблем со витражот на Македониумот во Крушево, симболот на Илинденското востание. Со години се работи на заштитата на овој монументален споменик, еден од најзначајните за македонската историја. Обновата на витражите се покажа како комплициран проблем кој бара висока стручност што тешко може да се најде на овие простори.

За витражот ќе се бара поголема сума пари од Министерството за култура. Годинава, Прилепскиот музеј ќе работи на санирање на бетонскиот дел од споменикот кој прокиснува. Засега е обновен подот во внатрешноста.

Споменикто Илинден е дело на уметниците Јордан и Искра Грабулоски. Во употреба е од 2 август 1974 година.

 

Елизабета Митреска