Македонија

Одбележани 41 година од формирањето на специјалната единица „Тигар“

13.03.2022 15:46

Во Касарната „Илинден“ во Скопје одбележани 41 година од формирањето на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, која прерасна во елитна единица, задолжена за планирање и извршување најсложени задачи …

Планирање и извршување најсложени задачи во борба против тероризмот, решавање заложнички ситуации, обезбедување ВИП личности, асистенција во борба со организираниот криминал и спасувачки мисии на недостапни терени се само дел од секојдневните работни задачи на Тигрите чија единица денес наврши 41 година од формирањето.

Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ е составена од врвно обучени храбри поединци без кои не минува ниту една поголема полициска акција, беше констатирано на одбележувањето на роденденот на единицата.

Тигрите се секогаш подготвени за најтешките мисии и претставуваат синоним за обученост кој го гарантира мирот и безбедноста на сите граѓани во Македонија. Ресорниот министер Спасовски и премиерот Ковачевски со суперлативи говореа за припадниците на специјалната антитерористичка единица.

Во рамките на свеченоста беа доделени признанија и благодарници на дел од Тигрите, а пред спомен плочата на загинатите припадници беа положени цвеќиња.

Марија Котовска