Започна мисијата Светско првенство 2023
Доколку Македонија биде севкупен победник во овој двомеч, оди во следниот и последен филтер за пласман овојпат за планетарниот собир в година во Шведска и Полска.
Денешниов ден значеше прва прозивка и собир на машката ракометна репрезентација пред исклучително важниот прв бараж со репрезентацијата на Романија за светското првенство в година. Доколку Македонија биде севкупен победник во овој двомеч, оди во следниот и последен филтер за пласман овојпат за планетарниот собир в година во Шведска и Полска.Собирот мина без селекторот Кирил Лазаров кој се уште има клупски обврски во Франција. Целосното конплетирање на репрезентацијата ќе биде во вторник, додека утре покрај селекторот ќе се приклучат Филип Миркуловски, Жарко Пешевски и Јагуриновски, а ден по нив на списокот ќе се чекира како присутен и повратникот Никола Марковски.
Лазаров повика 21 ракометар, повторно ги нема поради повреда и надвор од ракометниот терен Дејан Манасков и Бојан Маџовски. Првиот натпревар против романците го играме на домашен терен во четврток (пренос на МТВ 1 од 18:55), додека реваншот и одлуката дали ќе ја гаиме и натаму надежта за светското во јануари 2023-та ќе биде во сабота во Букурешт.
