Фудбал

Домаќините сигурни со исклучок на Македонија ЃП

13.03.2022 20:22

Интересен и неизвесен натпревар се одигра и во Тетово каде што Шкендија со гол на нафиу во 90-тата минута славеше над Тиквеш со 2-1,Шаркоски во 13-тата минута и донесе победа на Академија Пандев над Струга со 1-0,а Брегалница беше убедлива против Борец со 3-0.

Со 4 средби денеска продолжи 23-тото прволигашко фудбалско коло.Откако вчера лидерот Шкупи со 2-0 славеше над Работнички,денеска домашните екипи продолжија со сигурна игра и забележаа победи со исклучок на МАкедонија Ѓорче Петров која единствена не ја оправда фаворитската улога и ремизира 1-1 со екипата на Скопје. НА стадионот во Ѓорче Петров гостите поведоа со прекрасниот  гол на Хајдари уште во 3-тата минута,но на израмнувањето не се чекаше долго.Во 15-тата минута Емини добро го изведе слободниот удар ,топката го смени правецот по контакт со живиот ѕид,со инстинктивна реакција голманот Ефремов одби во пречката,но Воша од непосредна близина донесе израмнување на 1-1.До крајот по неколку шанси на двете екипи,нешто поголема иницијатива на домашниот состав, но без промена на резултатот.

Интересен и неизвесен натпревар се одигра и во Тетово каде што Шкендија со гол на нафиу во 90-тата минута славеше над Тиквеш со 2-1,Шаркоски во 13-тата минута и донесе победа на Академија Пандев над Струга со 1-0,а Брегалница беше убедлива против Борец со 3-0.

Резултати по кои поредокот на табелата не претрпе промени,Шкупи води со 55 бода,пред Академија Пандев со 10 помалку и Шкендија со 44.Македонија остана 4-та со 40 бода, Брегалница има 36,а горната половина од табелата ја заокружува Ренова со 32,но и натпревар помалку-утрешниот против Пелистер.Следува Работнички со 31,Струга е 8 со 30 бода,на позициите за бараж за опстанок се Скопје со 22 и Тиквеш со 21 бод,додека во зоната за испаѓање Борец со 13 и Пелистер со 6 бода.