Амбасадорот Треневски оствари средба со Врховниот командант на НАТО силите во Европа
Шефот на постојаната мисија на Република Македонија во НАТО, амбасадорот Мартин Треневски денеска оствари средба со Врховниот командант на НАТО силите во Европа, генерал Филип Бридлав.

На средбата Амбасадорот Треневски уште еднаш ја потврди цврстата определба на Р.Македонија за учество во мисијата пост 2014 година „Одлучувачка подршка“ во Авганистан, а информираше и за актуелните случувања во врска со единствената преостаната пречка со која се соочува Република Македонија до полноправно членство во Алијансата- деценискиот спор со јужниот сосед.
Генералот Бридлав истакна дека високо го цени македонскиот придонес во операциите превземени од страна на НАТО.
Амбасадорот Треневски упати покана до генералот Бридлав за посета во РМ и нејзините вооружени сили.
