Жозеп Борел во Скопје
Борел ќе ги потврди посветеноста и поддршката на Унијата за регионов, во контекст на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој од вчера престојува во посета на Скопје, денеска ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собранието Талат Џафери и лидерите на парламентарните партии.
Борел ќе ги потврди посветеноста и поддршката на унијата за регионов, во контекст на руската војна против Украина и нејзиното влијание врз безбедноста на Европа како целина.
