Приведени двајца крадци фатени на дело
Тие биле затекнати при извршување на две кривични дела тешки кражби од градежни машини, сопственост на две правни лица кои изведуваат градежни работи во атарот на с.Горна Матка.

Од страна на Единицата за внатрешни работи - Одделение за криминалистички работи Ѓорче Петров и Полициското одделение Сарај, вчера биле лишени од слобода Ј.И.(20) и Ф.И.(23), двајцата од с.Глумово, скопско.
Во 14.10 часот тие биле затекнати при извршување на две кривични дела тешки кражби од градежни машини, сопственост на две правни лица кои изведуваат градежни работи во атарот на с.Горна Матка.
Тие биле приведени и со нив бил извршен службен разговор, а украденото е одземено од нив и ќе биде вратено на оштетените. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветна кривична пријава.
