Продолжува трендот на намалување на бројот на новозаразени и активни ковид- случаи
Во изминатото деноноќие, според статистиката на Институтот за јавно здравје, од направени 1.996 тестови, регистрирани се 198 позитивни на Ковид-19, или 9,9 отсто. Евидентирани се и девет починати, а оздравеле 276 лица.

Продолжува трендот на намалување на бројот и на процентот на новозаразени од Ковид- 19. Паѓа и бројот на активни случаи, кој во моментот изнесува 2.091, од кои половината се во Скопје. Без ниту еден активен ковид- случај се Дојран и Пехчево.
Во изминатото деноноќие, според статистиката на Институтот за јавно здравје, од направени 1.996 тестови, регистрирани се 198 позитивни на Ковид-19, или 9,9 отсто. Евидентирани се и девет починати, а оздравеле 276 лица.
И покрај позитивниот тренд, надлежните засега не планираат укинување или ново олеснување на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Беким Сали викендот изјави дека се уште не е време за тргање на мерките бидејќи во земјите каде што тоа е направено имало повторно зголемување на бројот на заразени.
Од почетокот на пандемијата, бројот на ковид-позитивни во земјава изнесува 301.491, на оздравени е 290.254, а починаа 9.146 лица. Направени се вкупно 1.922.182 тестирања на Ковид-19.
