Одбиено барањето за одложување на судењето на Рашковски
Во скопскиот Кривичен Суд тече судењето против ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски...

Во скопскиот Кривичен Суд тече судењето против ексгенералниот секретар на Владата Драги Рашковски. Воведни зборови даде шефицата на Oдделението за гонење на организираниот криминал и корупција Вилма Русковска која дојде како застапник на обвинението.
Воведни зборови даде и одбраната на Рашковски и дел од обвинетите. Претходно адвокатите на Рашковски и Димитровски побараа рочиштето да се одложи поради тоа што обвинителката Ивана Трајчева е со истечен мандат а и дека од исходот по одлуката за издвојување на докази, зависи теоријата на случај на одбраната, но и на Јавното Обвинителство.
Судот не го одобри барањето со образложение дека во секоја фаза од постапката можат да бидат издвоени докази.
