Нова домашна инвестиција во општина Кисела Вода
Се работи за добро позната компанија со триесетгодишно искуство, која во моментов има 50-тина вработени. Новите простории во кои ќе биде сместена административна зграда и магацини, ќе овозможат дополнителни 30 вработувања.

Инвестиција вредна преку 400.000 евра започна со реализација во индустриската зона во општина Кисела Вода. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во градежните активности кои започнаа во ноември, преку кои компанијата „Еликсир Дистрибуција“ отвора капацитет на околу 1.500 квадратни метри.
Се работи за добро позната компанија со триесетгодишно искуство, која во моментов има 50-тина вработени. Новите простории во кои ќе биде сместена административна зграда и магацини, ќе овозможат дополнителни 30 вработувања.
Објектот што го гради компанијата ќе биде целосно енергетски ефикасен. На покривот се планира да бидат поставени фотоволтаични ќелии, фасадата ќе биде термоизолациона, а за греење и ладење ќе се користат еколошки воздушни пумпи.
