Македонија

Бектеши: Има доволна количина на брашно за потребите на домашниот пазар, нема простор за паника кај граѓаните за непотребно купување

14.03.2022 12:02

Нема никаков простор да се создава паника кај граѓаните за непотребно купување на брашно, имајќи предвид дека сите количини на брашно кои и се потребни на државата ги имаме во моментот, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешната посета на млинот „Kokrra e Artë“ во Порој, Тетово.

Има повеќе од доволна количина на брашно во државата, млиновите имаат задоволителна количина на залихи за да ги покријат потребите на домашниот пазар. Нема никаков простор да се создава паника кај граѓаните за непотребно купување на брашно, имајќи предвид дека сите количини на брашно кои и се потребни на државата ги имаме во моментот, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешната посета на млинот „Kokrra e Artë“ во Порој, Тетово.

Како што кажа министерот овој млин е еден од најголемите извозници на брашно во земјава и во моментот согласно последната одлука за забрана за извоз на одредени житарици, брашно, и масло за јадење сега продава само на домашниот пазар.

„Сакам да ги уверам граѓаните дека имаме доволна количина на брашно во домашните млинови, а цените на основните прехранбени производи во наредниот период ќе се намалуваат како резултат на одлуките коишто го донесе Владата за заштита на граѓаните од ценовни шокови. До крајот на неделата очекуваме целосна стабилизација на пазарот и во зависност од информациите ќе се укине и забраната за извоз којашто беше донесена минатата недела. Наш приоритет е да се грижиме за граѓаните и да ги заштитиме од ценовни шокови“ кажа министерот Бектеши.