Бегалска криза

Околу 2.7 милиони лица ја напуштиле Украина

14.03.2022 12:56

Досега од Украина избегале речиси 2.7 милиони луѓе. Според ОН само во последните 24 часа, земјата ја напуштиле околу 100.000 лица..

Досега од Украина избегале речиси 2.7 милиони луѓе. Според ОН само во последните 24 часа, земјата ја напуштиле околу 100.000 лица. Повеќе од 1,75 милиони луѓе ја напуштиле Украина во Полска од почетокот на војната. Другите заминале во соседни земји. Украинската бегалка Ина Пади можела да ги слушне експлозиите на смртоносните руски ракетни напади на воена база за обука на украинската страна на блиската граница.

„Се разбудивме пред 5 часот изутрината, кога ги слушнавме првите експлозии. Тогаш разбравме дека бомбардираат недалеку од границата, ние сме на само 20 минути возење од границата. Се тресеше стаклото од прозорците“, вели Ина Пади жителка на Киев.

Сè уште потресена од неодамнешното искуство со воздушни напади кои го погодија нејзиниот дом во Киев на почетокот на руската инвазија, Пади рече дека откако ги слушнала експлозиите почувствувала дека дури и по бегството од земјата, војната „сè уште доаѓа по нас“.

„Вториот по големина град во Полска, Краков, сега се бори со проблемот на новодојдените лица, бидејќи привременото сместување, како и засолништата, се полни“, вели Ина Пади жителка на Киев.

Агенцијата за гранична стража соопшти дека во текот на викендот повеќе од 160.000 луѓе ја поминале границата.

Многу доброволци помагаат на граничниот премин Паланка со храна и поддршка на луѓето што од Украина преминуваат во Молдавија. Илјадници луѓе веќе пристигнаа, а автобусите ги чекаат да ги донесат во други градови во Молдавија или понатаму во соседните земји како Романија.

„Имаше една жена со три мали деца сама, ѝ понудив пелени и имаше солзи во очите. Ова се само мали нешта што можете да ги направите, но многу помага“, вели волонтер.

„Се плашам затоа што Молдавија е во близина на Украина, и за нас не е многу сигурно“, вели волонтер.

Многумина доаѓаат од југ и југоисток од земјата и од Одеса, оддалечена само околу 50 километри од Паланка. Но, не само украинците се исплашени, туку и луѓето во Молдавија се загрижени што ќе биде следно.

Марина Ристова