Македонија
РКЕ: Цените на горивата остануваат непроменети
14.03.2022 13:45
Ова значи дека бензинот од 95 октани ќе продолжи да се продава за 86,5 денари за литар, бензинот од 98 октани е два денари поскап..

Регулаторната комисија за енергетика и денеска одржа седница. Но, на неа е одлучено да не се менуваат малопродажните цени на нафтените деривати.
Ова значи дека бензинот од 95 октани ќе продолжи да се продава за 86,5 денари за литар, бензинот од 98 октани е два денари поскап, цената на дизелот останува 88 денари, на екстра лесното 83,5 денари за литар и на мазутот 60,914 денари за килограм.
