92 нови случаи со Ковид-19, починати четири лица
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 60, Кавадарци и Охрид – по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција. Регистрирани сe 363 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (73г и 80г) и едно починато лице од Тетово (61г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Гостивар (64г). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови. Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.
Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на Ковид-19.
