Македонија

Украдена храната за подготвување на оброци за децата од градинките од Велес

14.03.2022 15:51

Поради вршење на увид претпладнево, оваа детска градинка не вршела прием на деца за згрижување. Интервентно биле набавени неопходни состојки за подготвување на ручек, и повеќе од илјада деца од шесте клона, добиле оброк.

Украдена е храната за децата од градинките во Велес. Викендов непознати сторители извршиле кражба на магацинот од централната кујна на „Димче Мирчев“, лоциран во клон 6-„Ѕвончица“.

Информацијата за кражбата ја потврдија и портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев и директорката на Детската градинка „Димче Мирчев“, Маја Велиновска.

Поради вршење на увид претпладнево, оваа детска градинка не вршела прием на деца за згрижување. Интервентно биле набавени неопходни состојки за подготвување на ручек, и повеќе од илјада деца од шесте клона, добиле оброк.

Што сè е украдено ќе се знае по пописот кој денес вонредно се врши, но сигурно е дека се однесени по 100 килограми брашно и зејтин, сите резерви на сирење, кашкавал, сол, шеќер. Од санитариите биле украдени славини за вода.

Од СВР Велес соопштија дека е направен увид и се работи на расчистување на тешката кражба и откривање на сторителите.

Петар Печков