Македонија

80 години од штрајкот на велешките гимназијалци против користењето на бугарскиот јазик во наставата

14.03.2022 16:10

Велешани се потсетија на штрајкот од пред 80 години, кога учениците од велешката гимназија не се согласувале со одлуката наместо на мајчин македонски јазик, да учат на бугарски …

Во дворот на Гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес, се одбележаа 80 години од штрајкот на гимназијалците. Тогашните учениците од седми и осми клас се спротивставиле на одлуката на училишните власти, да говорат на бугарски јазик. Професорите барале наместо на мајчин македонски јазик да одговараат на бугарски. Поради тоа вечерта учениците протестирале пред зградата на општината, а им се придружиле масовно и голем број велешани.

Неколкумина поединци, биле исклучени од наставата, но не само од велешката гимназија, туку и од сите образовни институции во тогашното бугарско царство. По три дена штрајкот прекинал, а учениците наместо да бидат избркани, добиле укор. Но, Никола Стојанов, кој има 99 години и е жив сведок на штрајкот, потсети дека некои соседи сè уште не ни го признаваат јазикот.

Организатори на одлуката да не го користат бугарскиот јазик и на штрајкот од 14-ти март 1932-ра биле гимназијалците Благој Кирков, Никола Стојанов, Орце Иванов, Благој Јанушев и Анче Андреев.

Петар Печков